ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И СОВРЕМЕНИТЕ ИЗВЕДУВАЧКИ УМЕТНОСТИ: НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ НА ИЗВЕДБЕНОСТА
Sasho Dimoski · CONTEXT / КОНТЕКСТ · 2026
Not cached yet. This record was fetched live for this request and is stored after the lookup. Reopening the page should serve the cached copy.
CONTEXT / КОНТЕКСТ · OpenAlex · article · 2026
Abstract
Во овој труд се истражува односот помеѓу вештачката интелигенција и современите изведувачки уметности преку анализа на начинот на кој се трансформира концептот на перформативноста под влијание на дигиталните и алгоритмиските технологии. Потпирајќи се врз теоретските рамки на студиите за изведба, постдрамскиот театар и новите медиуми, текстот ги испитува начините на кои вештачката интелигенција ги предизвикува традиционалните дихотомии помеѓу изведбата во живо и медијатизираната изведба, човечкото и технолошкото, авторот и изведувачот. Посебно внимание му се посветува на вештачката интелигенција во улога на соизведувач, на проблемот на авторството и дистрибуираното креативно дејство (агенс), како и на трансформацијата на телото и присуството во хибридните сценски практики. Трудот дополнително ја анализира и променливата позиција на публиката, која во изведбите базирани на вештачка интелигенција сè повеќе функционира како активен учесник во перформативниот настан. На крајот, преку дискусија за етичките и филозофските импликации, во трудот се застапува тезата дека вештачката интелигенција не претставува замена за човечката изведба, туку трансформативен фактор кој отвора нови перспективи за разбирање на перформативноста како релациски, процесуален и хибриден феномен во современата уметност.
Open the resolved locator · 10.55302/context263307d
Metadata licence: OpenAlex metadata (CC0)